Македонскиот репрезентативец Мартин Велковски не го крие разочарувањето од вториот пораз на македонската репрезентација на Европското првенство 2022.

„Не знам искрено што се случи… Дали од преголема желба направивме премногу технички грешки. Во клучните моменти правевме само глупости и тоа пресуди на натпреварот. Загубивме само поради наши вини, не поради противнички квалитет“ – изјави по натпреварот Велковски.