На денешното доделување на наградите за најдобрите во кошарката, се појави и генерацијата која на Македонија ѝ го донесе најголемиот успех, четвртото место од Европското првенство во Литванија остварно во 2011 година.

Во годината кога се одбележа јубилејот од големиот успех од Литванија, Кошаркарската федерација на Македонија реши да им даде посебни признанија играчите и стручниот штаб од таа генерација.

Денеска на едно место се собра најголемиот број од членовите на тој македонски тим кој вечно ќе стои со златни букви во кошаркарската историја.

Посебни признанија, како потсетување на најголемиот успех во историјата добија: Димитар Мираковски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Ивица Димчевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Марин Докузовски, Марјан Лазовски (постхумно), Марјан Србиновски, Благоја Кечовски, Сандро Бенкардино, Врбица Стефанов, Михаило Маноилов, Ненад Попоски, Никола Николовски, Зоран Крстевски, Иван Ивановиќ, Даниел Димевски, Дејан Лекиќ и Илија Мерџановски.