Обединетото кралство воведе нови санкции за руските олигарси. Имено, објавени се нови закони кои имаат за цел да ги спречат руските олигарси да пристапат до британските воздухопловни и поморски технички услуги, јавува Би-Би-Си.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека законот ќе забрани одржување на авиони или бродови што им припаѓаат на санкционираните руски олигарси или нивните компании.

„Нема сомнеж дека Путин и неговата елита се изненадени од силата на нашите санкции. Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот се’ додека руските трупи се во Украина, таргетирајќи ги не само компаниите на олигархот, туку и нивниот имот и начин на живот“, рече британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас./Makfax

Прикажи повеќе