Ванда Нара и Мауро Икарди дефинитивно се разведуваат, потврдуваат аргентинските медиуми откако добиле потврда за разделбата меѓу голгетерот на ПСЖ и неговата сопруга.

Неверство на фудбалерот е причина за разводот, откако Ванда дознала дека сопругот ја изневерува со нејзина пријателка, аргентинската актерка Марија Еугенија Суарез.

Токму личните проблеми биле причина за слабата форма на Икарди, а Аргентинецот добил и слободен ден од тренерот Покетино, па воопшто не се појавил на денешниот тренинг на ПСЖ.

Што се однесува до Ванда Нара, таа во текот на викендов заедно со децата си заминала од Париз, а се уште не се знае дали се вратила во заедничката куќа во Милано, или пак заминала во Аргентина.