Никој не ни дал инструкции за животот, па оттаму, многу лекции ги учиме како што созреваме. Но, понекогаш мора да пројде повеќе време за конечно да научиме некоја лекција, особено околу тоа што сакаме во љубовта и какви врски се прифатливи за нас. Еве кои животни лекции некои жени предоцна ги учат.

Не кажувај ДА, ако всушност сакаш да кажеш НЕ

Во љубовните врски често ја правиме истата грешка – се преправаме. Запомнете дека компромисот не е решение доколку тоа решение прави да се чувствувате мизерно. Секогаш кажувајте што искрено сакате, а што искрено не сакате и не се согласувајте со нешто, само затоа што мислите дека тоа ќе го направи него среќен. Балансот е многу важен во животот.

Вашата љубов не може да го промени мажот

Додека тој самиот не стане свесен дека треба да се промени, не постои таква љубов која ќе го натера да се промени. Промените можат да бидат условени од надворешни фактори, но всушност доаѓаат одвнатре.

Љубомората и посесивноста НЕ се знак дека ве сака

Многумина мислат дека овие две карактеристики се потврда за љубов. Мала доза љубомора понекогаш не е алармантна, но доколку тоа се случува постојано и пречесто, тоа е огромен аларм дека нешто не е во ред и најдобро е да си заминете што е можно поскоро, бидејќи таквите врски не се здрави.