Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува неговата Влада да го преживее гласањето за недоверба и да ја добие потребната поддршка од 121 пратеник. Во говорот премиерот се обрати кон пратениците од „Има таков народ“ на Слави Трифонов, кој ја напушти владината коалиција и ги повика да ја поддржат неговата Влада,

Advertisements

„Ние знаеме дека многу од вас влегоа со чисти цели и мисли и не очекувавте дека вашите лидери ќе ја остават Бугарија во овој критичен момент да лебди. Од вас зависат седум милиони Бугари. Ве повикувам да се сетите на заклетвата што ја дадовте, во неа ги немаше Трифонов, Борисов или Ахмет Доган. Вие се заколнавте дека ќе се водите од интересите на народот“, рече Петков.

„Имам во телефонот скриншотови од пораките кои им ги праќал премиерот, без воопшто да ги бројам телефонските повици кон нашите пратеници за да им објасни како да гласаат“, рече Тошко Јорданов – пратеник од „Има таков народ“.

Коалициските партнери на Петков велат дека изборите се последна опција и ако не ја добијат поддршката ќе се обидат да состават малцинска Влада.

Инаку, седницата се одржува под засилено полициско присуство поради протестите против кревање на ветото .

„Продолжуваме со протестите за заштита на бугарската кауза во Македонија, барајќи оставка од господинот Петков“, изјави Ангел Џамбазки – европратеник од ВМРО-БНД.

Гласањето се очекува да се случи утре или најдоцна во четврток претпладне.

Лука Андреев