По четири порази во финалињата, Александар Бублик конечно стигна до првата титула во својата професионална кариера, и тоа против еден од најдобрите тенисери на денешницата.

Александер Зверев доживеа големо разочарување на Австралија Опен од Денис Шаповалов, но денеска беше совладан и од страна на расположениот Бублик кој заслужено славеше со 2:0.

Казахстанецот направи брејк во деветтиот гејм во првиот сет и потоа на свој сервис спаси две брејк топки, односно со четири последователни поени го освои првиот сет и го најави големиот триумф (6:4).

Вториот сет му припадна со 6:3 и стигна до триумфот кој му ја донесе титулата на АТП турнирот во Монпелје кој е од серијата 250.