Речиси 400.000 украински бегалци ги напуштиле своите домови по руската инвазија во четвртокот, објави Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации.

„Бројот на украинските бегалци штотуку е ажуриран, тие се засноваат на податоци од властите. Сегашниот вкупен број сега е 368.000 и продолжува да расте. Досега, бројките што ги видовме се главно во Молдавија, Полска, некои во Унгарија и Романија. Во моментов, повеќето се обидуваат да побегнат до најблиската граница”, велаат од  УНХЦР

Десетици илјади луѓе веќе преминаа во пет земји кои граничат со западна Украина. Само Полска соопшти дека повеќе од 50.000 лица пристигнале  за два дена, а  илјадници други заминале на југот на Молдавија, Романија, Унгарија и Словачка.

„Новинар“ Каде одиш, каде ќе одиш? „Во Полска“. „Вашиот сопруг, каде е тој? „Во Украина, успеа да избега или не? Не., вели една жена.

„Заминав за Романија, имам брат во Полска“.

Повеќето од оние што бегаат се жени и деца, бидејќи на сите мажи на возраст од 18 до 60 години им е наредено да останат и да се борат. Државните медиуми објавија дека над 7.000 автомобили биле наредени на премините на полската граница, а линијата се протегала над 30 километри. Агенциите за бегалци стравуваат дека до пет милиони Украинци може да се обидат да побегнат преку границата бидејќи војната на Русија се интензивира и бројот на загинати се зголемува. /Алсат.мк

Вјолца Алити