„Сноу патрол“ го отворија синоќешниот „ѕвезден“ хуманитарен концерт за собирање средства за Украина, со својот хит „Run“. По нив настапија Ед Ширан, Камила Кабело, Нил Роџерс, Емили Санде и Џамала – која победи на Евровизија во 2016 година за Украина.

Тие се согласија дека „ќе испраќаат пораки на солидарност и надеж до народот на Украина“, како што истакна водителот Роман Кемп.

Од реклами беа собрани три милиони фунти приход, а од продажбата на билети се добиени 250.000 фунти. Шоуто го следеа 8.000 посетители во живо и уште милиони други гледачи на Ај-ти-ви и Ес-ти-ви, кои исто така, имаа можност да донираат.