Новата варијанта на коронавирусот се шири „со извонредна брзина“, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи лицата вакцинирани само со две дози се ранливи, изјави денеска британскиот министер за здравство, Саид Џавид.

Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, соопшти дека околу 40 отсто од новозаразените во Лондон се инфекции со сојот омикрон.

„Она што го знаеме за омикрон е дека се шири со извонредна брзина, нешто што досега не сме го виделе, на секои два или три дена бројот на заразени се удвојува“, рече Џавид за Скај њуз.

„Тоа значи дека се соочуваме со бран на инфекција, повторно сме во трка меѓу вакцини и вируси“.

Откако беа откриени првите случаи на омикрон во Обединетото Кралство, на 27 ноември, премиерот Борис Џонсон воведе построги ограничувања и им порача на граѓаните дека бран на омикрон наскоро ќе ја погоди земјата.

Прикажи повеќе