Американскиот алспки скијач Брејз Бенет стигна до својата деби победа во Светскиот куп откако славеше на спустот во италијанскиот ски-центар, Вал Гардена. Американскиот скијач до победата стигна со време од 2:02.42 минути што беше за 14 стотинки подобро од второпласираниот Отмар Штрајдингер од Австрија.

Подиумот го надополни Швајцарецот, Нилс Хинтерман кој доцнеше 32 стоти делови од секундата од времето на победникот.