Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010, денеска го претстави репрезентативецот Бојан Трајковски како големо засилување за продолжението на сезоната.

Трајковски доаѓа од редовите на актуелниот лидер Пелистер и јасно е дека ќе ги зголеми амбициите на скопскиот тим, кој по досегашните дванаесет рунди има учинок 6-6.

Феникс 2010 го најави дебито на Трајковски во новиот дрес веќе на следниот натпревар против Работнички.