Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ќе паузира „повеќе недели“ поради повреда и неговото отсуство е лоша вест за клубот, кој во моментов е второпласиран во Бундеслигата со бод заостанување зад лидерот Баерн Минхен.

– Го повреди колкот, не може да игра и за враќање на теренот ќе му биде потребно време, изјави денеска тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Росе.

„Време е да се концентрирам на рехабилитацијата. Ќе се вратам посилен“, напиша Халанд на својот профил на Твитер, кој во средата го одигра целиот натпревар против Ајакс во Лигата на шампиони.

Со девет голови, 21-годишниот Халанд го дели првото место на листата на стрелци во германското првенство заедно со фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски.