Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов му го честиташе изборот на Кирил Петков за премиер на Бугарија, и се понуди да му биде од располагање. Борисов оцени дека и за Бугарија е подобро Македонија и Албанија што поскоро да бидат членки на Европската унија, но додаде дека пред тоа е неопходно да се исполнат одредени услови.

„Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми – малцинствата, промената во Уставот и изјаснување на историјата. Кога ќе ги решите ќе продолжите напред. Ние по никаков начин не ги запираме, но како да им кажеме „повелете во Европската унија“, па потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме. Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме“, вели Бојко Борисов, поранешен премиер на Бугарија.

Прикажи повеќе