Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека земјите на ЕУ треба да размислат за запленување на замрзнатите девизни резерви на Русија и средствата да се насочат за обнова на Украина.

Advertisements

Шефот на европската дипломатија во интервју за „Фајненшл тајмс“ потсети дека Соединетите Американски Држави претходно ја презедоа контролата врз имотот во вредност од милијарди долари што ѝ припаѓаат на авганистанската централна банка, делумно за да се обесштетат жртвите на тероризмот, како и за хуманитарна помош во земјата.

Според него, би било можно да се разгледаат такви чекори со руските резерви.

„Би ја поддржал идејата бидејќи звучи логично“, изјави Борел за весникот.

Тој нагласи дека прашањето за финансирање на обновата на Украина е клучно политичко прашање, со оглед на „неверојатната сума“ што треба да се обезбеди.

Прикажи повеќе