Европската Унија повикува на итен прекин на огнот во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

„Оваа војна треба веднаш да заврши. Повикувам на итен прекин на огнот и итно воспоставување хуманитарни коридори“, напиша Борел на Твитер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави дека ЕУ ќе преземе дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата на теренот во Украина се влоши.

ЕУ исто така се подготвува во случај на руска одмазда, вклучително и диверзификација на снабдувањето со енергија.

„Нашата цел е да го намалиме капацитетот на Кремљ да води војна против своите соседи. Мораме да станеме независни од рускиот гас, нафта и јаглен. Нашата решеност да продолжиме напред во овој случај е посилна од кога било“, рече таа по средбата со романскиот претседател Клаус.

Прикажи повеќе