Зак Најт, инженер за пиротехника и специјални ефекти, рекол дека правило број еден е дека не смее да има куршуми на филмскиот сет, пренесува Daily Mail.

Advertisements

– Правило број два е дека секој човек на сетот има право да го прегледа оружјето пред некој да пука од него. А правилото број три е – нема причина некој да биде пред оружјето од кое актерот ќе пука – изјавил Најт и додал:

– Секогаш кога ќе видите во филмот дека цевката е вперена кон камерата, никој не смее да стои зад неа. Во овој случај, гледаме дека пиштолот бил вперен кон две лица.

Тој вели дека требало да има бариера помеѓу актерите и персоналот, како и дека е очигледно дека некои луѓе не ја завршиле својата работа како што треба.

Извор: DailyMail

Прикажи повеќе