И покрај санкциите од Западот, Русија оваа година би можела да заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергенси, а годината може да ја заврши со рекорден буџетски суфицит од 240 милијарди долари доколку земјите не воведат целосно ембарго на извозот на нафта и на гас, објави Блумберг.

„Поради рекордните цени на нафтата и на гасот кои го сочинуваат главниот извоз на Русија, дури и со намалената продажба на енергија, Москва ќе добие рекордни приходи од 321 милијарда долари. Тоа е една третина повеќе отколку во 2021 година. Огромните приходи ќе доведат до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според Институтот за меѓународни финансии може да достигне 240 милијарди долари“, наведува Блумберг.

Дури и со воведените санкции од Западот, според аналитичарите, и натаму ќе продолжи значителниот приход на Русија во валута различна од рубљата.

Прикажи повеќе