Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер игра во одлична форма оваа сезона, а добрите партии како во шампионатот така и во Европа ги кренаа на нозе ракометните фанови во Битола.

Најдобар доказ дека енергијата кај навивачите е на највисоко ниво е податокот дека билетите наменети за дербито против Вардар беа распродадени за само еден час.

Цената на влезниците беа 200 денари тие веднаш беа „собрани“ од верните поддржувачи кои со нетрпение ја очекуваат среда и битката со вечниот ривал Вардар.

Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета со 50 проценти од капацитет за да бидат запазени сите протоколи.