Уште не пративте порака со најискрени честитки за Нова Година? Што да напишете во неа?

Најчесто во ваквите еуфорични моменти исполнети со многу возбуда и очекувања од годината што ни претстои, не знаеме да составиме ниту една реченица.

Баш за да не се најдете во таква ситуација, ние ви подготвивме неколку интересни пораки, со кои можете секому на кој што ќе посакате да му ја честитате Новата година.

Искористете некоја од идеите и бидете уникатни во честитките:

Кога се менуваат години две, нека ви донесат сѐ. Секоја желба што во срце ви се кова, нека ви ја исполни годината нова! Среќна Нова Година!

Среќата нека биде вечност во вашиот дом, љубовта вечен пријател, здравјето – непресушно богатство. Среќна Нова Година!

Нека Новата година ти ја осветли душата, ја исполни со најубави чувства и нека Бог ти подари сѐ што немаш а сочуваш сѐ што имаш и сакаш. Среќна Нова Година!

Во Новата 2015 ви посакуваме многу подароци под вашата елка, многу среќа во вашиот дом и уште повеќе љубов во вашите срца. Среќни празници!

Ако здравјето е најважно, среќата најпотребна а љубовта неопходна, искрено посакувам тоа да биде дел од вашиот живот во оваа Нова 2015 година!

Честито! Туку што добивте Нова Година, модел 2016, боја – урнебесно среќна, гаранција – 12 месеци, развива 365 дена во годината. Користи ја со љубов, радост и здравје!

Во Новата 2015 година ви посакуваме многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со вашите најблиски. Среќни празници!

Нека Новата 2015 година ви биде бисер чија школка ќе го чуваат вашето здравје, љубов и спокојство во душата и домот. Среќна Нова Година!

Спокоен сон, ведра мисла, добро здравје и љубов од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои ти ги посакувам во Новата година. Среќна Нова!