Колку подолго трае пандемијата со Ковид-19, толку повеќе луѓе ќе ни умираат НЕЗГРИЖЕНИ од карциноми, срцеви и мозочни удари, дијабет, труења ….
Луѓе мои, толку сме колку што сме, не може да бидеме на две места во исто време. Се уморивме од гледање смрт, солзи, тага …
Помогнете ни со ВАШАТА ОДГОВОРНОСТ денес, за да може да Ви помогнеме кога ќе Ви треба.
ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, за себе, за Вашите блиски, за нашиот народ !!!
Досега официјално заболеа повеќе од 212 илјади, а починаа скоро 7.5 илјади наши сограѓани.
Во Македонија се аплицирани 1.666.500 дози на вакцини и официјално нема ниту еден со животозагрозувачки несакани ефекти.
РИЗИКОТ Е НЕСПОРЕДЛИВ !!!, напиша на Фејсбук, доктор Нико Беќаровски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.