Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, д-р Нико Беќаровски вели дека за децата Омикронот претставува обична вироза, какви што имало секоја зима. Ова го истакна во статус на социјалната мрежа Фејсбук.

Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9000 нови случаи секој ден, денеска започна настава со физичко присуство, нема ниту една причина некое си „самопрогласено здружение” да бара онлајн настава во Македонија. За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима. Местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието. Единствено може почетокот да се одложи до понеделник 24 јануари, вели тој во неговиот пост.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.