Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучи да не се кандидира за претседател на Италија.

„Одлучив да направам уште еден чекор на патот кон националната одговорност, барајќи од оние што ме предложија да се откажат од наведувањето на моето име за Претседателството на Републиката“, соопшти Берлускони.

Италијанскиот парламент утре ќе го почне гласањето за нов шеф на државата кој ќе го замени претседателот во заминување, Серџо Матарела.

За кандидатот да победи на тајното парламентарно гласање му треба двотретинско мнозинство во кој било од првите три круга на гласање. Потоа е доволно апсолутно мнозинство.

Изборот на нов претседател на Италија би можел да има големи последици за иднината на Владата на премиерот Марио Драги, кој се обидува да го спречи бранот зараза со ковид-19.

Прикажи повеќе