Хатем Бен Арфа договори нов ангажман и во наредниве месеци ќе биде дел од екипата на Лил.

Бен Арфа кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти на францускиот фудбал го прифати повикот од Лил и ќе настапува за овој тим најмалку до крајот на актуелнава сезона.

-Многу сум среќен што му се приклучувам на Лил. Тоа е тим кој покажа многу многу добри работи оваа сезона, а секако и лани со титула шампион на Франција. Среќен сум што потпишав во овој клуб кој продолжува да расте. Неколку пати во кариерата сум се соочил со овој клуб, на различни стадиони и ќе ми биде големо задоволство да го носам дресот на Лил на „Стад Пјер Моруа“.