Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Реал Мадрид, Карим Бензема рече дека уште од детството сонувал да ја освои Златната топка.

– Уште од детството сонував да ја освојам Златната топка. Ова е сон на повеќето играчи. Фудбалот е тимска игра, вистина е, но природно е секој играч да се стреми да го освои овој трофеј кога ќе му помогнете на тимот да победи, да игра важна улога во победите, да постигнува победнички голови, изјави Бензема за шпански „АС“.

Тој потенцира дека ќе се потруди да ја освои оваа награда.

– Секако, ќе се потрудам да ја освојам оваа награда. Се надевам дека некогаш ќе го остварам сонот од детството.

На 8 октомври, „Франс Фудбал“ објави листа од 30 кандидати за наградата за најдобар играч на годината. Трофејот ќе биде врачен на 29 ноември.

Оваа сезона, 33-годишниот Французин одигра 10 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна 10 гола и забележа шест асистенции.