Францускиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид Карим Бензема не е сериозно повреден. Тој предвреме го напушти натпреварот против Елче во Ла Лига.

За среќа на фудбалерот и на „кралскиот клуб“, повредата на Бензема не е сериозна и тој би можел да биде подготвен за враќање веќе на следниот натпревар против Атлетик Билбао.

На 15.февруари Реал Мадрид го игра и првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.