Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио најави дека сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа, пренесува Би-Би-Си.

Advertisements

„Вработените во јавниот сектор веќе мора да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе се прошири и на приватниот сектор“, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември, додава тој.

„Ние во Њујорк одлучивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој ја напушта својата канцеларија кон крајот на декември.

„Го имаме омикронот како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични дружења“, објасни тој, додавајќи дека единствениот излез од оваа ситуација е „обврската за вакцинација“.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврска за вакцинација за работниците од приватниот сектор.

Прикажи повеќе