Студијата во која учествуваа студенти во Шпанија и Италија покажа дека има поголеми шанси родените во декември да бидат утрински типови. Други истражувања покажаа дека децата родени во овој период од годината имаат тенденција да заспијат порано.

Многу родители се грижат за тоа како нивното дете веројатно ќе биде најмало во градинка, но тоа е всушност добра работа, бидејќи подоцна тие деца стануваат многу успешни. Истражувањата покажуваат дека најмладите често ги надминуваат постарите кога станува збор за успехот на факултет.

Гардијан објави дека пописните анализи во Велика Британија покажале дека бебињата родени во декември најверојатно ќе станат стоматолози.

Исто така, момчињата имаат поголеми шанси да бидат леваци, објави Универзитетот во Виена. Учествувале 13 илјади испитаници, а докажано е дека 7,5 отсто од жените и 8,8 отсто од мажите се леваци.

Доколку верувате во хороскоп, сигурно ќе ви биде важно дали детето ќе се роди пред или по 21 декември. Родените од 1 до 21 се стрелци и екстроверти кои сакаат да патуваат. Ако вашето дете се роди помеѓу 22 и 31 декември, тоа ќе биде јарец, што значи дека ќе биде одлучна и доверлива личност.

Друг голем факт е дека бебињата родени за време на Божиќ имаат најголема статистичка веројатност да живеат подолго од 100 години.