Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека се надева оти синоќешните израелски воздушни напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји.

Зборувајќи со новинарите пред да го напушти меѓународниот аеродром во Филаделфија во Пенсилванија, тој рече: „Мојата надеж е дека ова е крајот“.

Израелските воздухопловни сили синоќа гаѓаа цели во Иран, при што загинаа двајца ирански војници.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека Иран има право и должност да се брани по последните израелски напади.

Израелските напади се одмазда за иранските ракетни напади врз Израел на почетокот на октомври

Текстот Бајден изрази надеж дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган е превземен од МАКФАКС.