Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе го пречека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Белата куќа, соопшти во четвртокот Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки рече дека посетата ќе обезбеди „можност да го потврдиме нашето силно билатерално партнерство“.

„Лидерите ќе разговараат за тековните напори со сојузниците и партнерите за поддршка на народот на Украина и за наметнување економски трошоци на Русија за нејзината неиспровоцирана агресија“, рече таа, истакнувајќи дека Бајден и Мицотакис, исто така, ќе разгледаат и други теми како климатските промени и енергетската безбедност.

Прикажи повеќе