Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера го прослави својот 79. роденден, еден ден по медицинските прегледи и извештајот во кој се наведува дека е способен да ја води државата.

Advertisements

Бајден е најстариот американски претседател на должност, а роденденот го прославил заедно со неговото семејство во Вилмингтон, неговата изборна единица, на 170 километри од главниот град Вашингтон.

„Среќен роденден на мојот пријател и брат“, му посака на Твитер Барак Обама, на кој Бајден осум години му беше потпретседател.

Еден ден пред роденденот, пак, Бајден имаше рутински колоноскопски преглед во медицинскиот центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон. Додека тој се наоѓаше под анестезија, своите овластувања ѝ ги предаде на потпретседателката Камала Харис, која стана првата жена во САД со претседателски овластувања што вклучува и команда со армијата и поседување на шифрите од нуклеарниот арсенал.

Прикажи повеќе