Екипата на Барселона, на крајот од средбата успеа да освои бод против Еспањол (2-2).

Само две минути по почетокот на средбата, играчот од средниот ред Педри постигна гол од непосредна близина по центаршут на Алба, за водство на kаталонците (2 ′). Сепак, Дардер, со  асистенција на Де Томас, го израмни резултатот (40 ′) на 1-1.

Второто полувреме, Барселона го започна подобро, погодувајќи преку Гави, но по прегледувањето на ВАР, се покажа дека тој е во офсајд позиција. Во меѓувреме, дуото од првиот гол на Еспањол, повторно соработуваше, но овојпат ги сменија местата, погодувајќи Де Томас, а Дардер асистираше за 2-1.

Ситуацијата на теренот уште повеќе зовре, при што Пике и Меламед беа казнети со црвен картон.

Кога се мислеше дека мечот ќе заврши, на сцена стапи напаѓачот на Барцелона,  Лук де Јонг кој со глава погоди за 2-2 (90 + 6).

По ова реми, Барселона ја зазема четвртата позиција со 39 бодови, додека Еспањол е на 13. позиција со 29 бодови.