Пјер-Емерик Обамејанг се договори со Барселона да игра како позајмен фудбалер во следните шест месеци, или до крајот на оваа сезона, но неговата преселба зависи од Усман Дембеле.

Дембеле треба да си замине од Барселона, за да пристигне популарниот Ауба. Понуди за Усман Дембеле има од Њукасл, Евертон и Тотенхем според англиските медиуми, но тие би платиле најмногу 20 милиони евра како отштета за играчот.

Обамејанг имаше понуда од Саудиска Арабија, од Ал-Наср, но веројатно ќе оди на позајмица во Барселона.