Екипата на Барселона е поблиску за да ги обезбеди услугите на крилниот напаѓач на Ајакс, Нусаир Мазрауи. 24-годишниот мароканец одлучи да не го продолжи договорот со Ајакс, па големите клубови сакат да го добијат на крајот од сезоната со нула трошоци. Како и Ерлинг Халанд, и Мазрауи е во групата играчи со кои раководи италијанскиот агент Мино Раиола.

Според италијански новинар специјализиран за случувања на трансфер пазарот на фудбалери, Фабрицио Романо, екипата Барселона испратила конкретен предлог за играчот, но без да ги открие бројките. Минатиот јануари тој веќе беше на агендата на Барселона, но од причини поврзани со проблемите со платата на каталонскиот клуб, трансферот не беше реализиран. Во конкуренција за услугите на мароканецот се и Милан и Борусија Дортмунд.

Прикажи повеќе