Барселона сеоак не успеа да го пријави Дани Олмо (26) за вториот дел од сезоната. Според „Мундо Депортиво“, Каталонците сега претрпеа нов удар бидејќи Стопанскиот суд во Барселона соопшти дека не ја одобрил регистрацијата на поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и Лајпциг.
Барселона ќе се обиде повторно во понеделник, кога ќе поднесе нова тужба против Ла Лига до првостепениот суд, во обид да му овозможи на Олмо да биде регистриран за вториот дел од сезоната.
Тие ќе тврдат дека сите правила за регистрација се неважечки бидејќи се регулирани од Комисијата за делегати во Ла Лига, тело кое Барселона не го смета за надлежно. Иако Барселона се уште верува дека ќе успее да го ангажира Олмо, времето истекува и доколку не го сторат тоа до крајот на годината, фудбалерот би можел да го напушти клубот по неполни шест месеци.
Да потсетиме, Олмо во август пристигна во Барселона од Лајпциг за 55 милиони евра, тој се врати во клубот каде што беше капитен во младинските категории пред да се пресели во Динамо Загреб.
Барселона првично успеа да го ангажира Олмо за првиот дел од сезоната искористувајќи го фактот дека Андреас Кристенсен се повреди, но Данецот сега е здрав и мора да се регулира договорната ситуација на Олмо.
Текстот Барселона не може да го регистрира Дани Олмо е превземен од МАКФАКС.