Капитенот на лондонски Челзи, и шпански фудбалски репрезентативец Сезар Аспиликуета следното лето ќе се пресели во Барселона.

Според информацијата договорот на Шпанецот ќе биде со важност од три години со опција за продолжување на уште една сезона, а трансферот ќе биде комплетиран на оваа кога ќе му истече договорот со Челзи.

Претходно беше објавено дека дефанзивецот на шпанската репрезентација ја одбил понудата на лондонскиот тим за продолжување на договорот.

32-годишниот Аспиликуета оваа сезона одигра 27 меча за Челзи во сите натпреварувања.