Шпанскиот прволигаш Барселона гради нова екипа, состав кој ќе треба да го врати клубот на победнички патеки во наредниов период.

Управата на тимот пред некое време ги обезбеди двете млади ѕвезди Педи и Ансу Фати кои се согласија уште долго време да останат на „Камп Ноу“, па сега желбата е истото да се направи и со Усман Дембеле. Имено не станува договор до 2026 или 2027 година, но Барса сака да го задржи Французинот најмалку до 2024 година.

Неговиот договор му завршува на крајот на оваа кампања, па затоа Лапорта и неговите соработници сакаат што побрзо да имаат појасна слика и да го затворат ова прашање. Наводно и кај Усман постои желба да остане во сегашната средина и според „Спорт“ во Барселона се надеваат дека ќе може да дојде до конечен договор на двете страни веќе наредната седмица.

Во случај пак да биде обратно тогаш каталонците ќе се обидат да го продадат француускиот интернационалец во јануари и колку толку да заработат за неговите услуги за кои пред неколку години му платија на Дортмунд преку 100 милиони евра.

Дембеле кој има 24 години доста се мачи со повреди, но кога е здрав може да направи разлика.