Пјер Емерик Обамејанг и официјално e нов фудбалер на Барселона, откако претходно спогодбено го раскина договорот со Арсенал.

Искусниот напаѓач од Габон со каталонскиот клуб потпиша договор до 2025 година со опција да го раскине во јуни 2023 година. Барселона во договорот вметна откупна клаузула во висина која што сигурни ниту еден фудбалски клуб не би ја активира. Станува збор за сума од 100 милиони евра.

Оваа сезона Обамејанг настапи на 15 настапи за Арсенал и постигна седум гола, а ги напушти „топџиите“ поради недисциплина.

Кога ќе има свој ден, искусниот 32-годишен играч знае да им направи многу проблеми на противничката одбрана, па ќе биде интересно да се види како ќе се снајде во тандем со Феран Торес.