Американскиот репрезентативец Сержињо Дест ќе си замине во јануарскиот преоден рок откако Чави веќе го отпишал од тимот и не смета на него, тврдат шпанските медиуми.

Кај Роналд Куман, Дест беше стандарден на десната бековска позиција, но кај Чави ретко добива шанса. Кога е на теренот, игра поофанзивно, но без посериозен ефект. Барселона го ловеше Американецот две години, во 2020 успеа да го донесе, но тој не ги оправда очекувањата.

Со оглед на младоста, Барса може да извади за него добра отштета и да ги вложи парите во нови засилувања.