Енис Барди, во пресрет на вечерашниот квалификациски меч против Малта, на арената „Тодор Проески“, очекува добро издание на „рисовите“ кои се поготвени за мечот против „аутсајдерот“ во исклучително тешката група со Англија, Италија и Украина.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство и финале во баражот за настап на Светскиот шампионат, амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што е најважно. Посебно за овој прв натпревар со Малта во кој посакуваме победа.

За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, заклучи нашиот Енис Барди.

Македонската репрезентација ја дочекува Малта во премиерниот меч од новите евроквалификации. „Рисовите“ се голем фаворит во мечот со гостинската екипа и јавноста очекува отворање на циклусот со победа на домашен терен. Секој освоен бод ќе биде многу важен за нашите фудбалери кои ја веројатно најтешката квалификациска група во историјата.

Прикажи повеќе