Турски „61 сат“ од Трабзон објави дека тренерот на Трабзонспор, Ненад Бјелица со раководството веќе почнале да ги прават плановите за следната сезона и ќе има посериозна реконструкција. Хрватскиот тренер бара осум засилувања, а неколку играчи веќе се слободни да си заминат, како и неколкумина чии заеми истекуваат на крајот на сезонава.

Но, во случајот со Барди и Марк Бартра, кој исто така дојде ланското лето од Шпанија, ситуацијата е дека може да направат трансфер само под услов за прифатлива понуда за клубот. Во случајот со Барди, Трабзон бара три милиони евра за да го продаде, истата сума која ја плати за да го донесе од Леванте.

Барди сезонава во турската Суперлига даде пет гола на 25 меча, а еден во Лига Европа во европските натпревари. Македонскиот фудбалер за врска има тригодишен договор со Трабзон и плата од 1,5 милиони евра.

Прикажи повеќе