Вардар и Скопје се два клуба кои доаѓаат од главниот град и ќе играат бараж за ПМФЛ, меѓутоа овој натпревар нема да се игра во Скопје, туку домаќин ќе биде Кавадарци. Традиција е баражите да се играат на неутрални терени ширум Македонија, па така ќе биде и овој пат. Фудбалската федерација на Македонија одлучи домаќин на овој натпревар да биде Градскиот стадион во Кавадарци.

Скопје како прволигаш и со поквалитетен ростер влегува во дуелот со Вардар. Меѓутоа, „црвено-црните“ како трети во ВМФЛ имаат желба да се вратат во елитата. Мечот ќе се игра на 21 мај од 17:00 часот.

Прикажи повеќе