Челниците на Баерн Минхен се решени да сторат се за да дојдат до потписот на данецот Расмус Хојлунд, кој во моментов игра за Аталанта и за чии услуги се заинтересирани речиси сите европски гиганти.

Advertisements

Баварците по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона останаа само со еден класичен напаѓач и тоа 34-годишниот Ерик Максим Чупо-Мотинг, чие време полека одминува без разлика на добрата форма во која се наоѓа. Поради тоа, на бундеслигашот му треба свежа крв, а во данското „чудо од дете“ гледаат долгорочно решение.

Хојлунд во Аталанта дојде минатото лето од Копенхаген и веќе во првата сезона почна да го покажува својот огромен потенцијал со 14 гола на 34 натпревари. Со добрите игри стигна и до репрезентацијата на Данска за која веќе има пет гола на првите четири натпревари.

Баерн Минхен е подготвен да издвои 50 милиони евра, но тоа можеби и нема да биде доволно со оглед што за него се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Јувентус, Арсенал и Реал Мадрид.

Прикажи повеќе