Кошаркарките на Бадел испишаа историја за македонската женска кошарка во регионалната ВАБА лига, откако вечерва успеаја да стигнат до прва победа во ова натпреварување.

„Баделки“  по двата стартни порази славеа голем триумф на гостувањето во Босна и Херцеговина, со што ја остварија првата победа за еден македонски тим во сениорска конкуренција на Јадранската лига.

Македонскиот вицешампион беше подобар од Бановичи со 57:70 и направи огромен скок на првенствената табела, на која од последното, сега се искачи на третото место.

Најефикасна беше Ивана Кметовска со 24 реализирани поени, следена од Александра Стојановска со 18 поени, односно Цветанка Димовска со 16 поени.