Тренерот на Ајнтрахт, Оливер Гласнер ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, одлучја клупските челници на вчерашниот состанок. Раководството на клубот веќе е во потрага по негова замена, а како што стојат работите едно име се издвојува.

Станува збор за Дино Топмелер, кој до неодамна беше помошник тренер во стручниот штаб на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен. Топмелер не е непознато лице во Франкфурт, бидејќи играше за Ајнтрахт во сезоната 2002/03. По играчката кариера работел како асистент во Лајпциг и како самостоен тренер во Диделанж од Луксембург.

Ајнтрахт оваа сезона е во очајна состојба. По минатогодишната феноменална сезона во која се освои Лига Европа, тимот годинава целосно потфрли и покрај тоа што избори осминафинале во Лигата на шампионите. Ајнтрахт три месеци не знае победа, што е главната причина за разделбата со Гласнер.

Прикажи повеќе