Антоан Гризман заработил повреда на мускул на ногата за време на градското дерби со Реал Мадрид и ќе мора на принудна пауза, потврди неговиот клуб.

Французинот настрада по дуелот со Дани Карвахал и беше повлечен на полувремето на оваа средба, а два дена подоцна се направи детални прегледи.

Истите потврдиле дека повредата не е наивна и дека Гризман ќе ги пропушти следните натпревари, што е само дополнителен проблем за тренерот Диего Симеоне.

Гризман нема да може да им помогне на соиграчите на незгодното гостување кај Севила следниот викенд, а сигурно ќе го пропушти и натпреварот со Гранада закажан за 22. декември.

Медиумите пренесоа дека денешниот тренинг го пропуштиле и Коке и Облак, а словенечкиот голман имал висока температура.