Фудбалерите на Атлетико Мадрид, последни пристигнаа во Саудиска Арабија, каде од утре до недела ќе се игра турнирот во Суперкупот на Шпанија.

Атлетико, во второто полуфинале на турнирот, во четврток ќе игра против Атлетик Билабо.

Тренерот на актуелните шпански шампиони, Диего Симеоне, за овој дуел и евентуалното финале, ќе биде без двајца важни играчи. Во Ријад не допатуваа Стефан Савиќ и Антоан Гризман.

Савиќ еден месец е надвор од тимот поради повреда, додека Гризман, не успеал да се рехабилитира од повредата со која се здоби во четвртокот, во Купот на Шпанија,