Фудбалерите на Лацио пропуштија шанса за триумф над големиот ривал Аталанта и тоа на теренот на противникот, откако му дозволија на противникот да изедначи на 2-2 дури во четвртата минута од судиското продолжение.

Римјаните двапати водеа, но немаа сили да ги издржат последните секунди со оглед што се играше последната минута од тоа што судијата го покажа како екстра-време. Педро во 18. минута ги донесе гостите во водство, додека на крајот од првото полувреме Запата го изедначи резултатот.

Чиро Имобиле во 74. минута повторно донесе водство за „лацијалите“, но Де Рон во 94. минута го постави конечниот резултат.