Реал Мадрид наредната сезона, 2022/23 ја планира со Килијан Мбапе во тимот. Причина за ваквиот оптимизам, како што пишува „АС“ е ветувањето што му го дал младиот напаѓач на Флорентино Перез.

Уште од времето на Зинедин Зидан, Реал не кријат дека имаат намера да го донесат Мбапе во Мадрид. Се обидоа во летниот преоден рок, понудија 180.000.000 евра и покрај тоа што фудбалерот влезе во последната година од договорот со ПСЖ, меѓутоа Леонардо и Насер Ал-Келаифи ја одбија понудата.

За помалку од еден месец, Мбапе, ќе може да преговара со заинтересираните клубови и да потпише пред договор.

Јасно е дека негова цел е Реал. Смета дека како играч на „кралскиот клуб“ ќе му биде многу полесно да ја освои Златната топка. Оваа година во изборот на „Франс фудбал“ заврши на деветтото место.

Исто така тој добил уверување дека ќе биде прва ѕвезда во Реал што ќе го задоволи неговото его. Во моментов, во ПСЖ, Мбапе е зад Лионел Меси и Нејмар.