Што се случува кога тоалетот ќе ви се расипе во вселената и ќе почне да тече? Астронаутите кои во неделата ја напуштија Меѓународната вселенска станица ќе мора да користат пелени на пат кон дома поради расипаниот тоалет во капсулата SpaceX, пишува британски Гардијан.

Астронаутите Марк Ванде Хеи, Шејн Кимброу, Акихико Хошиде и Меган Мекартур минатата недела се пофалија со чили пиперки одгледувани на Меѓународната вселенска станица. Сега четиричлената екипа ќе се најде во помалку удобна положба.

Од моментот кога ќе се затвори вратата на SpaceX до слетувањето на Земјата, Меган Мекартур и тројца членови на екипажот ќе поминат 20 часа во капсула. Не е идеално, но е изводливо, рече астронаутот Мекартур на прес-конференција во орбитата. Летот во вселената е составен од многу мали предизвици, рече таа, а пелените се само еден од нив.

Прикажи повеќе